Состојки:
- 300 гр. мисиркини гради
- 2 главици кромид
- 2 големи моркови
- 100 гр. Путер
- 1 целер
- 250 гр. Брашно
- 100 гр. Ориз
- 400 гр. Павлака
- 2 лажички сол
- Ситно фиде
- Црн пипер
Припрема:
Ставете го мисиркиното месо во тенџере со солена вода да се вари. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете го месото да се вари околу еден час. Откако ќе се свари месото, извадете го од тенџерето, ситно исецкајте го и вратете го назад.
Во тава со растопен путер на оган ставете да се пропржи ситно исецканите кромид, морков и целер. Откако ќе се испржат, тргнете ја тавата од оган и постепено додадете го брашното и постојано мешајте.
Потоа смесата додадете ја во водата во која се вареше мисиркиното месо. Додадете го оризот и наросете сол и црн пипер. Варете ја супата околу 15 минути, па додадете го фидето и варете уште 10 минути.
Кога супата ќе биде готова, тргнете ја од оган и додадете ја изматената павлака и мешајте постојано за да не се создадат грутки. Послужете ја супата со ситно сецкан магдонос. Добар апетит!