Мистик :) И Пипа ќе одела таму…навали народе! :)

6 август, 20110
mistik-naslovna

Мистик-магичното место каде одат богатите.

Мистик е место каде веќе 40 години доаѓаат богатите и славните да уживаат во мир на преубавите плажи, скапи вили, одлична забава и домашна атмосфера со членовите на кралското семејство или рок ѕвездите. Ова лето тука ќе ужива и Пипа.

Бегство од секојденвието Пипа Мидлтон и нејзиниот богат дечко Алекс Лудон ќе пронајдат на овој карипски остров, каде често доаѓала и нејзината сестра Кејт. Британските весници пишуваа дека Пипа ќе замине токму на ова место да се одмори од целиот притисок кој во изминатите месеци ја следеше од медиумите. Таа доби огромно медиумско внимание по кралската венчавка, каде нејзината сестра Кејт се зема со принцот Вилијам. Пипа постојано била под притисок, па затоа се надева дека токму тука ќе го најде својот мир.

Мистик е приватен остров на Карибите на кој се наоѓаат околу 70 луксузни вили и само два мали екстремно скапи хотели ela Firefly и Cotton House boutique, каде изнајмувањето на една соба за само една вечер изнесува 520 долари. Инаку, ова место била омилена дестинација и на принцезата Маргарет уште во 1970-тите, Кејт Мос, Бил Гејтс, Дејвид Боуви и Мик Џегер.

Прекрасните вили на ова место се издаваат од 10 до 30 илјади долари за еден ден.

Пред околу педесет години, лорд Glenconner, Colin Tennant, одлучил островор кој бил преплавен со комарци да го претвори во ексклузивна дестинација за богатите и славните, за да можат барем на кратко да го најдат својот мир.

Неговите луксузни забави биле познати во текот на 1960-тите години и 1970-тите. Glenconner подоцна ја продал сопствената вила на островот за милион фунти и се повлекол на соседниот остров. Неговиот сон за ексклузивна дестинација сепак успеал, па така по неговата смрт сега на Мистик има 72 вили за изнајмување.

Покрај тоа на Мистик посетителите може да уживаат во  убавите песочни плажи, јавање коњи, тенис, нуркање, да уживаат во Basil’s барот на плажа, да се релаксираат во центрите за масажа и да се забавуваат навечер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi