Млечен сос со краставички, лешници и фета сирење

popara7 октомври, 20111min00
recept

Во емисијата на Опра Винфри, познатат готвачка Рејчел Реј приготви интересен сос кој е вистинско освежување и интересен предлог за менито на вашите коктел забави.

Потребни состојки:

  • 500 гр. фета сирење
  • 250 мл. Млеко
  • 200 гр. печени лешници
  • 1 лажичка оригано
  • 1 печена црвена пиперка
  • 2 краставици
  • 100 гр. црни маслинки
  • 100 гр. зелени маслинки
  • Сол и црн пипер
  • 2 ќесички чипс со вкус по желба или пак зеленчук по желба (краставица, пиперка, морков, праз)

 

Припрема:

Ставете ги сирењето, млекото, ситно сецканите лешници, ориганото и ситно сецканите краставички во посебен сад и промешајте. Отстранете ги семките од маслинките и исецкајте ги на коцкички па додадете ги во садот. Исто така исецкајте ја пиперката и додадете ја во садот, па наросете сол и црн пипер.

Смесата мешајте ја додека не се соедини, а можете да ја изматите и во блендер.

Откако сосот ќе се соедини, ставете го во длабоки украсни чинии за сервирање, а околу чиниите наредете сецкан свеж зеленчук, како пиперки, краставица и морков, или пак чипс по желба. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag