Најдобро облечени жени во светот – четврт дел

16 јуни, 20110
stilnovamoda

34 –  Sandra Bullock – американската актерка миленичка на многумина родена на 26 јули 1964 година, стана мега популарна во текот на 90-тите години. Добитиничка на Оскар, која многу успешно ја крие својата приватност, особено по разводо. Важи за една од жените кои најубаво се облекуваат за на црвениот килим.


33 – Christina Hendricks – американска актерка која особено се прослави минатата година преку телевизиската серија Mad Men. Беше прогласена за најсекси жена, особено обожавана поради нејзините бујни гради, поради кои секогаш се облака со прекрасно деколте токму за да го истакне својот адут.


32 – Nicola Roberts – 26 годишната пејачка од Англија, која работи и како модел и текстописец, која се прослави со едно реално шоу. Беше дел од неколку женски бендови, наградена од британските музички награди, а особено ценета поради нејзиниот добар стил на облекување.


31 – Kate Bosworth – американска актерка која кариерата ја започна со телевизиски серии, а потоа и во големи филмски остварувања. Влезе во модата како модел за кампањата на Келвин Клаин џинс, а подоцна и презентер на една компанија за чанти. Никогаш нема да ја видите во една иста гардероба, а извонредно ги комбинира додатоците.


30 – Мiley Сyrus – американска актерка и поп пејачка. Стана мега популарна пред се поради нејзината улога во сериите Хана Монтана. Преку оваа франшиза таа се разви во светски тинејџерски идол. Од стилот на тинејџерка со бунтовна гардероба, таа сега на повеќето појавувања во јавност е облечена во елегантни тоалети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma