Најголемите феномени во светот, кои не се предизвикани од човекот! – деветти дел

25 октомври, 20110
lao

9) Долина Кувшинов

Се наоѓа во планинската област Лао во областа Коуанг Хиенг, лоциран во центарот на извонредниот археолошки локалитет познат како Долина Кувшинов. Околу овој регион се расфрлени илјадници камења во вид на “грне“ за кои научниците проценува дека датираат од пред 2000 години. Нивната големина е различна, од минијатурни до огромни кои што тежат до 14 тони. Многу малку се знае за нивното создавање поради тоа што се спречени да вршат ископувања поради бројните неексплодирани бомби кои се наоѓаат околу градот. Овие бомби се остатоци од Тајната војна, односно кога САД го реализираше едно од најпознатите интензивни бомбардирања во историјата.

Се проценува дека постојат повеќе од 10.000 неексплодирани направи во непосредна близина на регионот, поради што ова претставува еден од најопасните археолошки локалитети во светот. Откривањето на вистинската историја и потекло на овие камења во вид на “грне“ е дополнително комплицирано поради фактот што од бомбардирањето во 1969 година местото беше избришано од географската карта на светот, а населението целосно се раселиле.

Постојат многу теории поради кои Долина Кувшинов се има создадено. Некои веруваат дека тие претставуваа урни од човечка пепел додека други веруваат дека се дизајнирани за да се заштитат од монсуните. Ова мислење се поткрепува со тврдењата, дека тие се лоцирани точно на еден од античките патишта во Северна Индија. Во одреден период од вековите тие имале и религиозно значење бидејќи при ископувањата биле пронајдени статуи на Буда, како и други дарови –  монистри и бронзени алатки.

Овој феномен многу често сакаат да го поврзат и со создавањето на Стоунхенџ. Сепак, сеуште не е откриен начинот на нивното создавање и остануваа мистерија која што бара итно објаснување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş