Најголемите феномени во светот, кои не се предизвикани од човекот! – седми дел

22 октомври, 20110
UFO-Florida

7) Хесдален светлина

Чудна и се уште необјаснета светлина на небото е прилично честа појава и повеќето од ваквите појави можат да се објаснат или како светлина предизвикана од човекот со користење на предмети или како природна појава. Сепак, постојат случаи кога феноменот се задржува подолго време и мистериозната светлина се материјализира, а еден ваков пример имаше во централна-источна Норвешка. Според различни извори тие започнале да се појавуваат во 1940 година, но овие појави се интензивирале во 1981 година и драстично започнале да се зголемуваат секојдневно.

Иако интензитетот на овој мистериозен феномен опадна во текот на годините, се уште се следат и се истражуваат од ралични научници и од квази-научни студии кои се основани за следење на овие светла. Визуелно тие изгледаат како мали џебови на согороување на гас (со сина или портокалова боја).

Светлината, исто така, се движи на необичен начин кој е сличен (но побавен) на молњи. Хесдален станицата за мерење беше основана во август 1998 година и редовно ги регистрира необјаснивата светлина од 1983 до сега. Секој има теорија за тоа што може да биде причината за овој феномен. Некои од тврдењата вклучуваат НЛО портали, спонтано согорување на природни гасови, топки од молња, јонски напојувања.

На моменти се чини дека Хесдален светлината се користат како доказ на сé, започнувајќи од небески привиденија до инвазија на вонземјаните. Има неколку тврдења во медиумите дека мистеријата околу Хесдален светлината е решена, но следува и изјавата дека објаснувањето ќе биде објавено некогаш во иднината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi