Пицата е омилено јадење на многумина од нас. Има многу видови на пица, а овој пат ви ја претставуваме рецептата на Гвинет Палтроу. Рецептот е за тестото и доматниот сос на пицата, а останатиот дел е по ваш избор. Дали ќе направите капричиоза, со четири видови сирења… останува на вас:)
Потребни состојки за тестото:
2 и пол шољи млака вода
2 лажици шеќер
3 пакетчиња сув квасец
5 шољи брашно
1 и пол лажица маслиново масло
1 лажица крупна сол
Најпрво во половина од водата измешајте ја со квасецот во еден голем сад, направете ја смесата пенеста и оставете ја нека одстои 5 мин.
Во другата половина од водата ставете го брашното, маслиновото масло и солта. Мешајте постепено и додавајте ја водата со квасецот..
Месете го тестото 8 минути додека не стане подготвено за подготовка на пицата. Потоа прекријте го садот со тестото со една крпа и оставете нека стои час и половина.
За сосот ви е потребно:
2 лажици маслиново масло
1 излупен и ситно исецкан морков
1 кромид
неколку домати излупени и исецкани
1 лажица сол
Откако ке ги подготвите тестото и сосот, ставете ги останатите состојки по ваш избор. Веќе пицата е спремна за печење.