Иако само до пред неколку месеци светот жалеше по загубата за најголемата музичка ѕвезда, Мајкал Џексон, некој сеуште го користи неговото име за да заработи многу пари. Имено, неговиот татко Џо Џексон веќе потпиша договор со француската компанија за парфеми, Julian Rouas Paris, како би направиле машки и женски парфем под името Jackson’s Tribute и Jackson Legacy. Од компанијата изјавиле: Со помош на Џо, со кого сме партнери и ќе ја делиме заработувачката од продажбата 50-50, многу брзо успеавме во сето ова. Обично тоа трае и по една година но, ние наскоро ќе го пуштиме парфемот во продажба, додал претставникот на компанијата. Парфемот би требало да се појави на пазарот веќе во март оваа година.