Необична салата со цвекло и спанаќ

popara16 септември, 20111min00
Salad 017a

Потребни состојки:

  • 2 цвекла со средна големина
  • 200гр. млад спанаќ
  • 100гр. фета сирење
  • 2 лажици масло за јадење
  • 1 лажичка оцет
  • 50 гр. Ореви
  • Ситно сецкан копар
  • 20 гр павлака
  • Супа од зеленчук
  • Сол и црн пипер

Пoдготовка:

Сварете ја супата од зеленчук, па тргнете ја од оган и оставете ја да се излади. Цвеклата ставете ги во голем лонец и врз нив истурете ја изладената супа. Варете ги цвеклата на тивок оган 20-25 минути, се додека не омекнат. Откако ќе се сварат, исцедете ги цвеклата и оставете ги целосно да се изладат.

Откако ќе се изладат, излупете ги цвеклата и исецкајте ги на тенки листови.

Во голема чинија за сервирање ставете ги листовите од младиот спанаќ, кои претходно добро сте ги измиле. Исецкајте ги оревите и растурете ги врз спанаќот. Потоа рамномерно додадете ги исецканото цвекло и фета сирењето, кое претходно сте го исецкале на коцкички.

Маслото за јадење, копарот оцетот и павлаката измешајте ги се додека сосот не се соедини. Наросете сол и црн пипер по желба, па сосот рамномерно полијте го врз салатата. Се надеваме дека ќе ви се допадне овој рустикален рецепт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag