Американските хирурзи веќе години наназад ги следат операциите на рак на дојка. Тие од досегашните анализи дојдоа до заклучок дека може да се воведе помалку агресивна операција кога станува збор за рак на дојката. Во досегашната постапка, се отстрануваа и голем број на лимфни жлезди со цел да се отстрани можноста за брзо ширење на келиите на ракот. А тоа предизвикуваше големи болки во пределот на рацете, грбот. Тие сметаат дека при операцијата нема потреба од толкава агресија, и отстранување на голем дел од лимфните жлезди. Со тоа ќе се намалат и болките кои се пропратни по операцијата. Во овој случај пациентот ќе мора да биде подложен на хемо терапија. Сепак, за да се спроведе ова во пракса, хирурзите оставаат уште некое време потребно за анализа.