Новиот „Форд Фокус“, 2012 година

14 април, 20110
0

Моделот на Форд Фокус за 2012 со сигурност изгледа прекрасно, особено моделот со пет врати. Нa новиот модел инжењерите и дизајнерите се стремеле да направат поспортска верзија на Фокус.

Новиот Фокус е направен од доста цврст челик и опфаќа 55% од каросеријата на автомобилот.
На почетокот Форд Фокус ќе има нов 4-цилиндрен,  2-литарски мотор, со директно вбризгување и јачина од 155 КС и 145 Nm вртежен момент. А подоцна ќе се претстават и со новиот 1.6 литарски мотор за ST моделот со јачина од 200 КС.

Како опции во новиот модел ќе има камера за преглед на состојбата позади автомобилот, стартување на автомобилот без клуч, 8-инчен борд компјутер, опремен со порт за wireless 3G интернет каде што секој во автомобилот ќе може да користи интернет и др.

Со ваквиот концепт на новиот Форд, дизајнот и познатиот квалитет сигурно ќе играат голаме улога на пазарот во 2012 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *