Охрид – град на вековите

13 јуни, 20110
OH

Бреговите на Охридското Езеро биле населувани уште од прастари времиња. Археолошките податоци говорат за населби од неолитскиот период (младото камено време), 6000 години пред нашата ера. Од ова време, во рамничарскиот дел на Охрид, во неговото северно предградие Долно Трново, откриена е неолитска населба со богат археолошки материјал. Археолошките наоди од мај 2006 г. (на археологот Паско Кузман), потврдуваат дека на Езерското крајбрежjе во центарот на Охрид имало праисториски наколни живеалишта. Археолошките остатоци на наколната населба откриена на просторот меѓу туристичкото училиште и населбата “Охридати”, ова праисториско живеалиште, според археологот Паско Кузман, истражувач на Охрид, егзистирало околу 5000 години пред новата ера, што значи дека е старо околу 7000 години.
Први познати жители во областа на Охридското Езеро биле Бригијците (Фригијците) и Енхелејците, од коишто подолго време доминирале Енхелејците. Овие пак, според Херодот и Аполодор, не биле Илири туку нивни најблиски соседи. На овој простор подоцна се спомнуваат Десаретите, а градот Лихнид како главен град на областа Десаретија.
Повеќе векови од I милениум пред нашата ера, на десетина километри северно од Охрид, во близина на денешниот меѓународен Аеродром, егзистирала моќна населба со непознато име, на која и припаѓа богат археолошки материјал (златни маски, златни сандали, златни нараквици, бронзени кратери и др.), од кнежевските гробници на надалеку прочуената некропола “Требениште”. Настанувањето пак, на античкиот град Лихнид (во превод значи Град на светлината), се поврзува со легендата за Фениќанецот Кадмо, кој прогонет од Теба во Беотија, пребегал кај Енхелејците и на брегот на Охридското Езеро го основал градот Лихнид.
Кон средината на IV век пред новата ера, градот Лихнид и населбата покрај брегот на Охридското Езеро ги зазел Филип II Македонски. По освојувањето пак, на овие краишта од Римјаните во 148 година пред новата ера, бил изграден патот Виа Игнација, кој преку Лихнид, го поврзувал денешен Драч со Солун и со Цариград.


Со навлегувањето на христијанството, кое овде почнало да се шири од крајот на III век, античките храмови биле разурнати и заменети со многубројни монументални ранохристијански цркви, чии остатоци се откриени на повеќе места во Охрид и во неговата околина. Прв христијански мисионер во Лихнид во III век бил Еразмо од Антиохија, а пишуваните извори говорат дека овој град во V век бил седиште на лихнидските епископи. Во VI век Лихнид се наоѓал во рамките на Византиското Царство. Тогаш преку реката Дунав на Балканскиот Полуостров продреле Словените. Кај Лихнид се појавило и населило словенското племе Брсјаци.
Првпат називот Охрид се споменува во протоколот на Цариградскиот собор во 879 година. Се смета дека градот ова име го добил од словенските зборови “во хрид” – на рид, бидејќи стариот дел на Охрид се наоѓа на рид.
Свети Климент и свети Наум, најпознатите ученици на браќата Кирил и Методиј од Солун, по нивната мисија и прогонството од Моравија, дошле во Охрид. Најпрвин Климент (во 886 година), а потоа и Наум (во 893 година) пристигнале во областа Кутмичевица, која се наоѓала на тромеѓата на денешна Република Македонија, Албанија и Грција, и ги опфаќала Охрид и исчезнатите градови Девол и Главеница. Охрид станал центар на Охридската книжевна школа.
Св. Климент минал 30 години меѓу македонските Словени. Од неговата манастирска црква Св. Пантелејмон (изградена во 893 година), излегле 3500 ученици. Тие ја ширеле словенската писменост и култура, црковното пеење и уметноста во повеќе словенски земји сè до Киев (средновековна Русија). Кон крајот на IX и почетокот на X век биле положени темелите на словенската писменост, духовност и култура. Охрид бил центар на словенската писменост, духовност и култура. Заслужено место во ширењето на словенската духовност во Европа и во светот има Охрид, особено во евангелизацијата на словенскиот христијански Исток која започнува токму на бреговите на Охридското Езеро со дејноста на св. Климент Охридски и св. Наум Охридски.

Евангелизацијата на словенскиот Исток со словенски зборови и со словенско богослужение тргнала од Охрид. Се шири преку бугарскиот Преслав до Киев и Москва, па сè до Далечниот Исток во Азија, до крајбрежјето на Тихиот Океан, од Владивосток на југ до полуостровот Камчатка, на север во денешна Русија.
Долго по смртта на Климент (916 година) и Наум, (910 година) Охридската книжевна школа била расадник на значајни ракописи за славистиката и историјата на уметност. Оваа книжевна школа, која на македонскиот терен дејствувала од IX век, била верен приврзаник на глаголицата. За нејзината дејност можат да се поврзат некои од најзначајните словенски ракописи, создавани до XII век, кога глаголицата била заменета со кирилица.
“Во Охрид се создава црковно седиште кое го надминува Самуиловото Царство за повеќе векови и кое во историјата на јужните Словени има извондрена улога.
Охридската архиепископија била мошне самостојна. Таа пред сè, им била верна на своите традиции. Имала свои ктитори и специфични охридски култови, а во подоцнежните времиња (особено во XIV век) и сопствени сликарски работилници. Ктитори на охридските цркви не биле само дојдените благородници, туку овде цркви, како свои задужбини, граделе и локалните свештеници и игумените на Климентовиот манастир. Култот на св. Климент и на св. Наум бил многу силен. Тие во овдешните цркви биле сликани на најистакнати места.
Во XV и XVI век Охридската архиепископија својата јурисдикција ја шири на нови територии на Балканот и во подрачјето на Медитеранот. Во XVI век Охридската архиепископија својата управа ја проширила во православните колонии на Малта, во Апулија, Калабрија, Сицилија, Венеција и Далмација.


Со наредба на турскиот султан Мустафа III во 1767 година е укината Охридската архиепископија и приклучена кон Цариградската патријаршија.

Суштествени промени се случиле во 1466 година. Извесен број тогашни угледни охриѓани го помагале востанието на албанскиот борец Скендербег против Турците. Архиепископот Доротеј и повеќемина охридски клирици и болјари, по наредба на султанот, морале да го напуштат Охрид, и животот да го завршат во заточение.
Како значаен економски и културен центар Охрид се развил кон крајот на XIX век. Тогаш, охридските кожуварски работилници ги извезувале своите производи во повеќе балкански и европски градови (во Цариград и Солун, Лајпциг и Виена). Во тоа време оживеало и градежништвото. Пристигнувале резбари и сликари од околината на Дебар.

Во чест на големиот преродбеник, во стариот дел на Охрид, изграден е меморијален музеј, Спомен – куќа на Григор Прличев. Овој музеј беше отворен на 06.02.2000 год. Тоа е место каде што се одржуваат голем број значајни културни збиднувања, меѓу кои во рамките на “Струшките вечери на поезијата” е и одржувањето на Беседите за Григор Прличев, пишувани од поетите од светски ранг.
Културно – историски споменици во Охрид и на брегот на Охридското езеро

Охридската тврдина
Златната маска
Охридските изиди
Античкиот театар
Ранохристијанската Епископска црква
Климентовиот манастир Светите Климент и Пантелејмон на Плаошник
Наумовиот манастир Свети Архангели
Уметноста на Самуиловото Царство
Црквата Св. Софија – Охридска
Света Богородица Перивлепта (Св. Климент)
Црквата Свети Јован Богослов – Канео
Галерија на Охридските икони

Охридски цркви од XIV век

Црквата Свети Никола Болнички
Црквата Света Богородица Болничка
Мал Свети Климент
Црквата Свети Димитрија
Црквата Свети Константин и Елена
Црквата Свети Кузман и Дамјан
Црквата Света Богородица Челница
Црквата Св. Никола Чудотворец – Челнички

Цркви од околината на Охрид

Света Богородица Заумска
Селски цркви од XV век
Успение Богородично во Велестово
Свети Спас во Лескоец
Свети Ѓорѓи во Годивје (Дебарца)
Црквата и Манастирот Си Свети во Лешани (Дебарца)
Пештерски цркви од XIII до XV век крај Охридското Езеро
Света Богородица – Канео
Свети Еразмо
Свети Стефан Панцир
Света Богородица Пештанска
Охридски цркви од XIX век
Света Богородица Каменско
Свети Никола Геракомија
Свети Кузман и Дамјан – Св. Врачи Големи
Католичката Црква во Охрид
Светите Кирил и Методиј
Исламски споменици од отоманскиот период во Охрид
Народниот музеј
Екслузивна археолошка поставка во Народниот музеј
Конституирање на МАНУ во Охрид
Градската архитектура од XIX век
Охридската Чаршија

За детални информации доколку сакате да го посетите овој град, можете да најдете на нивниот официјален сајт тука можете да најдете секаков вид на сместување, информации за ресторани, места за забава и локалитети.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi