Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека ја открил најмалата планета надвор од сончевиот систем, само 1,4 пати поголема од Земјата.
Новооткриената планета наречена Кеплер-10б, која орбитира околу ѕвездата Кеплер-10, а далечината од Земјата е 560 светлосни години и има слични геолошки карактеристики. Како што е наведено во соопштението на НАСА, планетата, чија маса е 4,5 пати поголема од Земјата, животот на неа не е можен, бидејќи таа орбита 20 пати поблиску до својата ѕвезда, него што Меркур е одалечен од Сонцето, а нејзината површинска температура достигнува 1500 степени целзиусови. “Кеплер”е името на вселенскиот телескоп лансиран во 2009 година, со цел за откривање на планети слични на Земјата надвор од Сончевиот систем.