Потребни состојки:
За тесто:
300 гр. брашно
80 гр. шеќер
2 јајца
500 мл. млеко
¼ лажичка сол
50 мл. масло за јадење
За сос:
1 кг. Вишни
100 гр. бисквити
1 лажица брашно
Припрема:
Во посебен сад ставете ги сите состојки за тестото и изматете, а потоа испечете палачинки.
Отстранете ги семките од вишните и ставете ги во тенџере на оган да се варат заедно 100 мл. вида. Одвојте на страна 3 лажици од течноста во која се варат вишните, помешајте со брашното и додајте ја смесата во тенџерето и промешајте за да не се создадат грутки.
Оставете го сосот да се излади, па секоја палачинка премачкајте ја со приготвениот сос и посипете ја со изрендани бисквити па свиткајте ја во триаголник. Ставете ги палачинките во чинија за сервирање и врз секоја палачинка ставете неколку вишни од сосот. Добар апетит!