Панатенаикос ја освои Евролигата

slobodan9 мај, 20111min00
Euroleague+Basketball+Final+Four+Awards+Ceremony+1kbjVQjeBxnl

Панатенаикос – Макаби 78:70
(22:15, 11:15, 21:13, 24:27)

Кошаркарите на Панатенаикос станаа нови прваци на Европа, откако во финалето одиграно во Барселона го совладаа Макаби со 78:70. По одличниот старт победата на грчкиот тим беше извесна, иако Макаби не се предаваше до последен момент.

Сепак, со одличната игра во третата четвртина ПАО ја направи одлучувачката предност која Израелците успеаа да ја стигнат дури во самиот финиш од мечот, но со одличната тактика Обрадович спречи било какво изненадување.

Најдобар играч во финалето беше Дијамантидис со 16 поени, пет скока и дури девет асистенции, Батист додаде 18 поени. Кај Макаби се истакна Едисон со 17 поени.

За тренерот на Панатенаикос, ова беше 12. учество на Фајнал форот и седмо со Панатенаикос, кој по шести пат стана шампион на Европа. Со својата европска титула, Обрадович само потврди дека е убедливо најдобриот тренер на Стариот континент.

Реал Мадрид – Монтепаски Сиена 62:80
(11:19, 21:17, 13:21, 17:23)

Кошаркарите на Сиена го освоија третото место на овогодинешниот Фајнал Фор турнир во Барселона, откако во мечот за третото место го совладаа Реал со 80:62.

Мадридѓани ниту еден момент не успеаа да го пронајдат својот ритам, додека Италијаните од самиот старт делуваа како екипа која влезе во мечот со намера да оствари победа.

Лавринович со 17 поени, пет скока и 4 асистенции ја предводеше Сиена, кај Реал најдобар беше Љуљ со 23 поени.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma