Потребни состојки:
500 гр. бело месо
3 моркови
1 лажица копар
2 листови ловор
1 чешне лук
3 лажички сенф
3 лажички кечап
20 гр. маргарин
Сол и црн пипер
1 лажичка магдонос
Припрема:
Сварете го исчистеното бело месо во вода во која сте ги додале сецканите моркови, магдоносот, ловоровите листови и ситно сецканиот лук. Гответе околу час и половина. Откако месото ќе се свари, ситно исецкајте го и исцедете ја супата.
Изцедениот зеленчук и белото месо ставете ги во посебен сад, па додајте го сенфот, кечапот и наросете сол и црн пипер. Додајте го ситно сецканиот копар и маргаринот. Промешајте ја смесата со миксер и оставете ја да се излади. Добар апетит!