Патник се обидел да киднапира авион на “Туркиш ерлајнс

5 јануари, 20110
turkish-airlines

Турската полиција уапсила маж, кој се обидел да киднапира авион на турската авиокомпанија “Туркиш ерлајнс“ што летал од норвешкиот главен град Осло кон Истанбул, јавува Ројтерс. Еден од патниците ставил маска на лицето и се заканил дека има експлозив на авионот од типот “Боинг 737 – 800“ со 59 патници. Тој зборувал на турски и побарал авионот да се врати во Осло, изјавил сведок на настанот. Инцидентот се случил на само половина час пред слетувањето додека авионот бил на Бугарија. Патниците и екипажот успеале да го совладаат. По слетување на авионот во Истанбул полицијата го уапсила напаѓачот. Идентификуван е како Џума Јашар и според здравствена легитимација најдена кај него тој имал психичка болест. Кај него, за среќа, не бил пронајден експлозив.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi