Печени ребра со сос од вино и чили

popara20 октомври, 20111min00
short ribs

Потребни состојки:

  • 2 главици кромид
  • 2 килограми свински ребра
  • 4 лажици сол
  • 200 мл. Кечап
  • 4 лажици сенф
  • 4 лажици оцет
  • 300 мл. црвено вино
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 2 лажици чили
  • Сол и црн пипер
  • Масло за јадење
  • 2 лажици брашно

Припрема:

Во посебен сад измешајте ги брашното, солта и црниот пипер. Ребрата измијте ги и секое ребро прекријте го со смесата од брашно и зачини.

Во голема тава на оган загрејте маслиново масло и испржете ги ребрата, се додека не поруменат.

Во посебна тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид, чилито, кечапот, оцетот, сефот и кафеавиот шеќер. Измешајте ја смесата и варете ја на тивок оган околу 2 минути, а потоа во тавата додајте ги и ребрата.

Издинстајте ги ребрата во сосот околу 5 минути, а потоа префрлете ги во тава за печење и прелијте ги со сосот. Печете 2 часа на температура од 160 степени целзиусови.

Ребрата треба да бидат добро испечени, па по потреба печете уште половина час. Извадете ги ребрата од рерна и послужете на чинија за сервирање со пире или гарнир по избор. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag