Пијан пилот во затвор, бидејќи незнаел каде треба да слета

24 јануари, 20110
757_nl2

Пилот од авио компанијата Delta Airlines под големо количество на алкохол седнал да управува со авион, и при тоа заборавил каде треба да слета. Наместо во Детроит тој тргнал да слета во правец на Њујорк. За среќа копилотот бил до него па инцидентот бил избегнат. Инаку пилотот, Ле Перл, 49, имал 20 годишно искуство во летањето. Но, на судењето било откриено дека тој всушност е алкохоличар и во последно време имал големи проблеми со алкохолот. Инаку за време на летот му биле измерени 89 мерни единици алкохол во 100 милилитри крв, а дозволената количина е 20 милиграми алкохол во 100 милилитри крв. На судењето на Ле Перл му биле пресудени шест месеци казна затвор, земајќи ги во предвив катастрофалните последици кои би можеле да се случат бидејќи пилотот бил под дејство на алкохол за време на летот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi