Потребни состојки:
200 гр. тесто за пица
100 гр. кашкавал
150 гр. варени брокули
2 јајца
200 мл. павлака
½ лажичка сол
½ лашичка црн пипер
Припрема:
Тестото за пица оставете го да се одмрзне, па ставете го во тава за печење која претходно сте ја намрсиле со путер. Преку тестото наредете го кашкавалот, па додајте ги исецканите брокули.
Во посебен сад изматете ги јајцата и павлаката, па додадете сол и црн пипер. Смесата рамномерно распоредете ја врз питата.
Печете 30тина минути на температура од 220 степени целзиусови се додека питата не добие златно румена боја. Добар апетит!