Пита од суви сливи и чоколадо

popara1 декември, 20111min00
pita od suvi slivi

Потребни состојки:

500 гр. кори за пита

500 гр. суви сливи без коски

1 литар црно вино

200 гр. кафеав шеќер

1 ќесичка цимет

200 гр. чоколадо

100 гр. маргарин

За прелив:

200 мл. млеко

100 гр. чоколадо

100 гр. сецкани бадеми

Припрема:

Прелијте ги сецканите суви сливи со виното, додадете го шеќерот и циметот и варете се додека течноста не испари. Додадете малку вода и чоколадото искршено на парчиња, па гответе се додека чоколадото не се растопи.

Намрсете ја тавата за печење со масло за јадење, па наредете три кори. Првата и втората испрскајте ги со растопен маргарин, а третата со филот од суви сливи. Повторно ставете кора, па фил, а постапката повторувајте ја се додека не го потрошите материјалот, а одозгора ставете две кори. Исечете ја питата на коцки и печете 40тина минути на температура од 180 степени целзиусови. Откако ќесе испече, оставете ја питата да се излади.

Во тенџере на оган растопете го чоколадото во млекото, па додадете ги сецканите бадеми. Прелијте ја питата со сосот и оставете го неколку часа да се впие. Добар апетит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag