Плескавици од тиквички и фета сирење

popara22 септември, 20111min00
recept

Состојки:

  • 1 компир
  • 3 тиквички
  • 3 јајца
  • ½ главица кромид
  • 300 гр. фета сирење
  • 6 лажици брашно
  • 10 ливчиња нане
  • ½ чаша масло за јадење
  • Лебни трошки
  • Сол и црн пипер

Подготовка:

Компирот сварете го во солена вода, околу 20 минути, а потоа тргнете фо од оган и оставете го целосно да се излади. Ситно исецкајте го.

Во посебен сад измешајте ги исецканиот компир, јајцата, кромидот, фета сирењето, лебните тропки, ситно сецканото нане, ситно сецканите тиквички. Смесата треба да биде како тесто за да може да оформите плескавици.

Со рака оформете плескавици и од сите страни посипете ги со брашно.

Загрејте тавче со масло за јадење на средна температура. Претходно подготвените плескавици пржете ги 3 до 5 минути за секоја страна.

Пред да ги послужите, плескавиците ставете ги во салфетки за да ја упијат непотребната мрснотија. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma