Подготовка:
Во тава за пржење ставете маслиново масло и исецкани шампињони, а потоа и црвените конзервирани пиперки со кисели краставички исецкани на парчиња. Во тавата додадете маслиново масло, сол и мелен црн пипер, а потоа и спанаќот. Со вака приготвената смеса може да ги полните лигњите и затворете ги со дрвени стапчиња за ражничи. Скарата на која ќе ги печеме лигњите ја попрскувате со маслиново масло. Потоа на скарата ги ставате полнетите лигњи. Откако ќе се испечат од едната страна лигњите ги превртувате за да бидат подеднакво испечени од сите страни. Испечените лигњи ставете ги на чинија. Добар апетит.
Состојки:
- 800гр Лигњи
- 500гр спанаќ
- 2 црвени конзервирани пиперки
- 300гр Сечкани маринирани шампињони
- 200гр Кисели краставички
- маслиново масло
- сол и црн пипер