Потврдено: Марк Цукерберг го измислил “Фејсбук“

12 април, 20110
mark_zuckerberg

Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук, го доби судскиот спор со кој заврши повеќегодишното препирање околу идејата за тоа кој ја основал социјалната мрежа “Фејсбук“.

Тужбата против Цукерберг, ја покренаа браќата близнаци Винклевос, кои тврделе дека им била украдена идејата од страна на тужениот Цукерберг, кој истата си ја препишал исклучиво на себе.

Споменатите браќа прво се договориле со сопственикот на “Фејсбук“ околу оштета вредна 65 милиони долари во 2008 година.

Тајлер и Камерун Винклевос, некогашните колеги на младиот милионер Марк од Харвард, во јануари оваа година повторно пробале да го отворат случајот, тврдејќи дека Цукерберг во  2008 година лажел за вистинската вредност на “Фејсбук“, за да може да постигне договор за отштета што е можно побрзо.

Сепак, судот го усвои барањето на “Фејсбук, поврзано со спогодбата постигната во 2008 година дека приказната околу сопственоста на најголемата социјална мрежа во светот е завршена тема. Мислењето на судот е образложено на цели 11 страни, а дел од него гласи: “со помош на тим на адвокати и финансиски советници, браќата близнаци постигнале договор, но од непознати причини сега тие сакаат да го повлечат истиот тој договор.“

Од “Фејсбук“ во службено соопштение се заблагодариле на судот за донесената пресуда и изразиле задоволство за конечната разврска на тој настан пишува српскиот весник “Дневник“ .

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit