Познати масони од Франција – втор дел

10 јуни, 20110
Quebec Masonic Lodge

19ти Век

На ден 24 Декември 1802 година, Roettiers de Montaleau, формираше ново седиште на Големиот Оријент во Руе де Боурвилле. Надгледувани од полицијата, ѕидарите беа поделени на две групи: “добри“ кои се грижеа за развој на братството и “лоши“кои ја критикуваат власта.

Според некои тврдења, Сојузот на слободните ѕидари повторно заживеа со формирањето на царството од страна на Napoleon. Во 1805 година го именуваше својот брат Joseph Bonaparte за Голем мајстор на Големиот Оријент, иако Napoleon не беше дел од слободните ѕидари. Началникот на полицијата Fouché стана еден од најпочитуваните слободни ѕидари иако, влезе во Сојузот со цел да ја набљудува нивната работа. Истата година во Париз пристигна Грофот de Grasse-Tilly кој на 22 Септември го основаше Врховниот совет. Бидејќи Царот имаше недоверба во Врховниот совет како свој шпион меѓу редовите на слободните ѕидари го испрати Cambacérés.

На тој начин слободното ѕидарство беше под целосна контрола на Царот. Скоро секој полк имаше своја ложа, а поголемиот број на генерали и маршали беа во кругот на слободните ѕидари. Влијанието кое го имаше Napoleon доведе до огромен пораст на членовите, така што веќе во 1814 година се формирани 1.219 ложи. Како причини за наклонетоста на Napoleon се согледува од една страна, во тоа што, слободното ѕидарство им овозможуваше на војниците меѓусебе да склучуваат тајни пријателства , а од друга страна, во освоените земји полесно се поврзаа со тамошните членови на ложите. По падот на Napoleon, заврши и функцијата на Joseph Bonaparte како Голем мајстор. Но, на функцијата Голем повереникот во Големиот Оријент беа тројца војсководци: Маршал Macdonald, Маршал Beurnonville и Генерал Timbrune.

Karlo X

Кога Napoleon беше протеран на Елба, слободните ѕидари во Франција останаа обезглавени. Претставниците од повисоките редови донесоа одлука да се приклучат кон Luj XVIII, чие што назначување на тронот го поддржуваа. Битката кај Ватерло на 18 Јуни 1815 година, го означуваше крајот на воените ложи. Откако се вратија ројалистите на власт, спроведоа “бел терор“ со кој реализираа акции за уништување на ѕидарството кое беше наклонето кон Napoleon. Но, за среќа кралскиот началник на полицијата беше слободен ѕидар, а  Luj XVIII имаше огромна доверба во него. Периодот 1818 до 1822 година, е доста неповолен за Сојузот, со оглед на тоа што дел од ложите се предводени од слободоумни поединци со револуционерни тенденции.

Со именувањето на Karlo X, слободното ѕидарство повторно се искачи на тронот, но иако тој беше дел од слободните ѕидари, сепак немаше потполна доверба во нив. И, покрај огромниот притисок што го вршеше Бискупот со цел да се забрани функционирањето на слободните ѕидари, сепак Karlo X не ги прифати неговите барања.

Во Октомври 1803 година, односно правата година од владеењето на Luj Filip, Големиот Оријент организираше огромна прослава во чест на братот Lafayette, на кого американските слободни ѕидари му има дадено најголеми ѕидарски почести. Слободните ѕидари целосно му веруваа и помогнаа во преземањето на власта, па дури му понудија да го назначат за Голем мајстор, меѓутоа тој ја одби оваа чест со извинување.

Deraismes

Се до 1848 година, функционирањето на ложата се одвиваше со нормален тек, сепак мал дел од ѕидарите протестираа заради примањето на лица кои немаат голем углед. Од ваквиот развој на настаните, најголема корист имаше Thiers кој успеа да внесе во ложите негови шпиони.

Во 1848 година, народот се крена против, Luj Fillip, па поради ново создадените услови беше принуден да избега. Ова всушнот претставуваше крај на буржоаската монархија и дојде до прогласување на Република. Без разлика што Големиот Оријент повикуваше на што е можно помала поврзаност со политиката, слободните ѕидари јавно го искажуваа своето мислење за Републиката. На 6 Март, делегација составена од слободни ѕидари, присуствуваше на Градското собрание, каде советниците, во најголемиот дел ѕидари, им предадоа провизорна власт. Од тој момент, на француското знаме е аплициран слоганот: “Слобода, еднаквост, братство“.

Сепак, новите политички предводници не му дадоа посебно место во општеството на Сојузот. Најголемиот број на членови во Големиот Оријент во тој момент го сочинуваа буржоазијата, со што повторно завладеа одбивниот став кон малограѓанството и занаетчиството. Со оправдување дека се работи за хуманитарна организација и дека за влез во Сојузот потребно е да се донираат огромни износи на средства, на граѓаните од пониските слоеви им беше оневозможен пристап во кругот на слободните ѕидари.

Joseph Fouche

Меѓутоа, републиканскиот идеал од 1848 година, не дозволуваше вакво дволично поставување на работите, па поради тоа неколку браќа во 1849 година ја основаа Grande Loge Nationale de France (GLNF Националната Голема ложа на Франција) и донесоа одлука дека во ложата може да се приклучи секој кој ќе работи чесно и во духот на слободното ѕидарство, без разлика во кој сталеж припаѓа. Членовите на оваа Голема ложа поставија плакати низ цел Париз, на кои беше наведено дека GNLF ги почитува принципите на Републиката, демократијата и толеранцијата, а во своите редови се добредојдени сите кои имаат чесно срце.

Како од страната на Големиот Оријент, така и од страната на владата, реакциите за формирањето на Националната Голема ложа беа негативни, па поради тоа во 1851 година на GNLF и беше забрането да функционира. Големиот Оријент во 1849 година ги промени своите права со цел да ги нагласи своите верувања во Бог и во безсмртноста на душите, како основи на слободното ѕидарство.

Jules Ferry

Во 1851 година е објавена книгата “Voyage en Orient“ (Патување кон Исток) од страна на Gerard de Nerval, кој целиот свој живот го посвети на истражување на симболите и езотеризмот, а со тоа започна нова ера за оние слободни ѕидари кои сакаа повторно откривање на смислата на ритуалите. Истата година, на 2 Декември, се случи државен удар кој беше од страна на идниот Цар Napoleon III. После крато размислување, Големиот Оријент, донесе одлука да се приклучи кон новиот режим, а неколку ложи кои беа против ваквата постапка, беа укинати.

Louis XVIII

Napoleon III немаше намера да ги угнетува слободните ѕидари, но со цел да го контролира нивниот интелектуален развој, во ложата имаше поставено свои шпиони. Јавно ја изјави неговата максима за Големиот Оријент: “Доколку сојузот ми е послушен, тогаш ќе нема никакви проблеми“. Кнезот Murat, лојален на режимот, примен меѓу слободните ѕидари во Јануари 1852 година, за многу краток период беше именуван за Голем мајстор. Негова заслуга е стекнувањето на зградата на Руе Кадет , место кое и денеска претставува седиште на Големиот Оријент на Франција. На 2 Декември 1852 година се прогласи Царството и односот помеѓу владата и “марионетите“ од Големиот Оријент, не можеше да биде подобар.

 

Но, управата на Кнез Murat беше катастрофална, бидејќи дојде до презадолжување, се доведе во ситауција да мора да позјмува финансиски средства и од Големиот Оријент, за подоцна да не биде во можност да ги врати назад. Поради оваа ситуацијата, Големиот Оријент западна во финансиска криза. Откако Murat отпушти 40 Мајстори од Исток, затоа што се осудија да го критизираат негов начин на работа. Како последица на тоа, голем дел од претставниците на повисокиот сталеж имаа обиди на неговата положба да го постават Jérôme Bonnaparte. На 11 Јануари 1862 година, Napoleon III го постави Маршалот Magnan за Голем мајстор. Magnan имаше за цел да го доведе Сојузот на вистински пат. Меѓутоа, кога дојде до сознание дека Големиот Оријент не е последната ѕидарска инстанца, на Големиот управител Viennet му предложи “или да се фузионираат сите поддружници или да се распуштат“. На тоа, Големиот управител Vinnet, одговори дека, прво би си го одзел животот, отколку да дозволи фузионизација. Меѓутоа, после извесен период Magnan мораше да попушти, поради интервенцијата од страна на Царот.

Иако многу пати спречувано, развојот на слободното ѕидарство сепак имаше полет. Од особено значење беше меѓународната улога на Сојузот, бидејќи во континуитет ја подддржуваше идеологијата за слобода на народите. Во 1864 година Емирот Abd-el-Kader во Париз беше примен во Сојузот на слободните ѕидари.

Napoleon

Папата Pio IX, во 1865 година издаде документ во кој се изјаснува против слободното ѕидарство и ги нарекува “храм на сите зла“. И покрај се, три четвртини од ложите останаа верни на Големиот Оријент, кој го промени својот статус и повеќе не се базираше на “Семоќниот Градител на Сите Светови“ ниту пак даваше заклетва пред “Книгата на Светиот Закон“. Ѕидарот Jean Macé во 1866 година ја основаше лигата за образование, независно од секаква политика и религија. За Црквата, ова беше голем удар, бидејќи изгуби голем дел од младината и веројатно ова претставуваше најтешкиот конфликт помеѓу француската Католичка црква и слободното ѕидарство.

Franz Xaver Winterhalter Napoleon III

Во 1869 година кога беше објавена догмата за безгрешноста на Папата, јазот се продлабочи уште повеќе. На 2 Септември 1870 година, на денот на капитулацијата кај Седан, конечно можеше јавно да се изрази незадоволството кон царството. Ѕидарот Gambetta, истакнат граѓанин, беше дел од устоличувањето на новите членови. Од единаесет членови во првата влада на третата Република, девет беа слободни ѕидари, меѓу кои и Gambetta, Jules Ferty, Arago, Granier-Pagés и Jules Simon. Може со сигурност да се тврди дека тогашната влада беше во рацете на слободните ѕидари, залагајќи се за рационализам и прагматизам, со што директно беше погодена Црквата.

Започнвајќи од 1870 година, Големиот Оријент се повеќе стануваше лево оријентиран, антиклерикалистички. Поголем дел од членовите беа од редовите на малограѓаните и државните чиновници од пониските сталежи,а претставниците од католизмот полека почнаа да се намалуваат.

Léon Gambetta

За Франција, 1871 година се карактеризираше со неколку негативни настани – покрај Германско-француската војна, Париската комуна им правеше многубројни проблеми на слободните ѕидар. Големиот Оријент беше помеѓу приврзаниците на Their и лојалните членови на Комуната. И, покрај неговите обиди да спречи избивање на граѓанска војна, сепак не успеа. На 29 Април 1871 година, 6.000 слободни ѕидари излегоа на протести, каде се соочија со војниците на ѕидарот Montaudon. Сепак Montaudon не можеше да нареди напад врз своите браќа ѕидари од спротивниот табор, затоа побара склучување на примирје со Thiers, чии што следбениците на почетокот се портивеа на ваквиот развој на настаните.

Joseph Bonaparte

После овие трагични случувања, Големиот мајстор Babaud-Laribiére најави повторно отварање на ложата во Август 1871 година. Големиот Оријент и официјално ги осуди ѕидарите кои беа на страната на Комуната, а како реакција на оваа постапка, владата во 1871 година именуваше голем број на слободни ѕидари на министерски функции.

Во Септември истата година, Големиот Оријент ја укина функцијата Голем мајстор и ја замени со нова функција – Претседател на советот. Исто така, следуваше укинување на голем број на симболи и обреди кои ги сметаа за непотребни.

Од 1872 година, државата повторно почна да се приближува кон Црквата и бран на побожност завладеа низ земјата. Бидејќи им сметаше враќањето на клерикализамот, претставниците од Големиот Оријент бараа неутралност на Црквата и нејзино не мешање во државната политика, а слободниот ѕидар Combes предлагаше раздвојување на Црквата и државата. Истата година, во сојузот беа примени Ferry и Littré, едниот атеист, другиот позитивист и двајцата беа внесени во политиката од страна на Големиот Оријент. Кога во 1877 година, MacMahon имаше обид да ги смири левичарските сили, директно дојде во конфликт со ѕидарите, бидејќи Ложите го поддржуваа развојот на левиот радикализам. Големиот Оријент прерасна, во буквална смисла на зборот, “Републиканска партија“.

За време на конвенцијата во 1877 година, Пасторот Desmons, се изјасни за укинување на “Големиот Градател“ со аргумент дека во слободното ѕидарство има простор само за рационализам и наука, така што не му беа потребни никакви религиозни елементи. Членовите на конвенцијата ги прифатија и усвоија неговите образложенија така што се донесе одлуката – дека во иднина заклетвата нема да се дава пред Библијата.

Не беше потребно да помине долг период, за да почнат да пристигнуваат негативните коментари. Големата ложа од Англија, како најголема инстанца на слободните ѕидари, го прогласи Големиот Оријент за “нерегуларен“, а потоа ги прекина сите односи со него. Оваа постапка ја следеа голем број на европски ложи и американската голема ложа.

Во Јануари 1879 година слободниот ѕидар Jules Grévy беше назначен за Претседател на Републиката, ѕидарот Gambetta за Претседател на Парламентот, а ѕидарот Jules Ferry за Министер за развој и најчест застапник на анти-клерикализамот. Во Февруари истата година, Ferry предложи воведување на бесплатно основно образование. Потоа, владата која слободно може да се каже дека беше составена најмногу од слободни ѕидари, во 1880 година ја нападна Црквата – бараше за сите верски заедници напрво да се добие одобрение од државата. Во меѓувреме е одобрено бесплатното образовани, така што многу католици се почувствуваа отфрлени од страна на слободните ѕидари. Како Премиер на Републиката, Ferry во 1882 година, ги поттикна укинувањата на сите незаконски католички редови. Како резултат на ова, на 20 Април 1884 година Папата Lav XIII, ја објави енциклопедијата, во која ги изразува своите стравувања дека Сојузот се оддалечува од христијанството.

Традиционалното ѕидарство повторно беше оживеано, благодарение на Oswald Wirth и Stanislas Guaita. Од нивна страна се објавени документи во кои беа содржани старите симболи на ѕидарството. Сепак, неуспешни беа нивните напори, бидејќи поголемиот дел од слободните ѕидари во тој период се насочија кон конфесионалениот правец. Иако приврзаниците на верската традиција го издадоа “Толкувач на обредот за влез во ложата“, сепак од страна на Големиот Оријент не беше одобрен. Слободните ѕидари, кои не сакаа да се одречат од “Семоќниот Градител“, во 1880 година основаа подружница: Симболистичка Шкотска Голема ложа, која ја прифаќаше соработка со Големиот совет. Во 1894 година, се преименува во Голема ложа на Франција и кон неа се приклучија ѕидарите – приврзаници на симболизмот кои немаа никакви политички афинитети.

King Jerome Bonaparte

Ложата “Libres Penseurs” (Слободни мислители) основана во 1880 година, всушност се оддели од “Grand Loge Symbolique de France”, со цел во своите редови да се вклучи жена, Maria Deraismes. По завршувањето на француско-пруската војна, Maria Deraismes, се залагаше за демократијата и за Републиката, а формираше и феминистичко здружение, така што во 1881 година беше коорганизатор на првиот анти-клерикалистички конгрес. На 4 Јануари 1882 година, како слободен ѕидар е примена во редовите на “Libres Penseurs”, иако за многу краток период после овој настан, ложата престана да функционира. Во 1891 година, под водство на Сенаторот Georges Martin, ложата “Droit Humain” ја прогласи за мешовита и покрај претпоставките дека ќе следуваат жестоки простести. Maria Deraismes на 14 Март 1893 година, во присуство на Georges Martin, во редовите на слободните ѕидови беа примени 16 жени. Истата година, на 4 Април се основаше Големата ложа “Le Droit Humain”, а за Голем мајсотр беше именувана Maria Deraismes. По нејзината смрт во 1894 година, нејзиното место го презеде Maria Martin, сопругата на Georges. Се до 1910 година, во Франција беа основани уште шест ложи “Droit Humain”.

Добитникот на Нобеловата награда за мир, L. Bourgeois, беше Премиер во периодот 1895/96, а шест министри од владата исто така, беа од редовите на слободните ѕидари. Веќе во 1899 година, во Франција имаше повеќе од 25.000 слободни ѕидари, а меѓу нив беа и највлијателните политичари. Иако, ложите слободно одлучуваа во однос на обредите и начинот на функционирање, Големиот Оријент, продолжи да пропагира за воведување на поедноставни обреди и укинување на симболите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi