Познатите и нивните модни „утки“ :)

25 август, 20110
modni-utki

Во оваа категорија никако не би можеле да ја вклучиме Лејди Гага, бидејќи да бидеш ексцентричен е една работа, а да се обидеш да изгледаш совршено за некоја забава или дневна шема е друга работа. Неверојатно е тоа што сите овие луѓе кои имаат многу пари, свои лични тренери, готвачи, масажери, терапевти и стилисти можат толку да утнат при изборот на облека. Па нели знаат дека и до тобако да тркнат ќе ги види цел свет.

Да беше тоа мој стилист, веднаш ќе леташе од работа. И уште полошо. Уште наредниот ден ќе му лупнев тужба за претрпен стрес.

Дај дозволете им на стилистите да си го заработат лебот…

Драга Мадона, одлично беше кога те гледавме во спотот на „Who’s that girl?“ Но нели мислиш дека е малку претерано и после 30 години да се обидуваш да изгледаш како и тогаш? Кој би рекол Мадона ја фаќа “Т’га за младоста”.

Миша Бартон? Је си ли то ти? – Да, да неверојатно но вистинито. Овој фустан баш личи како да е собран од некој контејнер. Ц…ц…ц…ц…

Вупи Голдберг никогаш не била посмешна. Разбирам дека се работи за премиерата на комедијата „Sister Act“, но не мора да значи дека треба и да се облечеш комично.

Упс! Уште една утка за Миша Бартон! А мислев дека само во свечените прилики знае да се изглупира.

Кеша. Со оглед на нејзиното име, не ме чуди и нејзиниот стајлинг.

Со овој стајлинг на Кортни Лав разбирливо е зошто нејзиниот сопруг, лидерот на групата Нирвана изврши самоубиство.

Кој рече дека осумдесеттите се минато? Шер не само што не го промени својот стил, туку ни таа не се менува. Не знам веќе колку пластика има во неа.

Кога некој ќе каже дека некоја филмска ѕвезда заблескала на црвениот тепих, отсега може да се сфати и во друга смисла. Кејти Пери ни покажа како тоа изгледа во буквална смисла.

Миша Бартон? ПАК? Оооо женска, вредна си била годинава!

Ако нешто сме научиле за сето ова време е тоа дека хип-хоп ѕвездите форсираат прегламурозен стил. Но тука јасно можеме да заклучиме дека Ники Минај баш ги преминала и нивните стандарди.

Ерин Ватсон – стилист и дизајнер. Тоа е се што ќе кажам. Немам друг коментар…

Кети Прајс рекламира iPod. Ама тоа не значи и дека треба да изгледа како iPod. Мислам дека ќе беше сосема во ред да дојдеше облечена нормално, но некој сметал дека вака е поефективно.

Младата Тејлор Момсен со 17 години постигна толку многу работи… Таа е актерка, модел, музичар но сигурно не и стилист. (А во познатата Нујоршка серија „Gossip Girl“  ја игра младата и полетна модна дизајнерка Џени Хамфри.)

Фиби Прајс отсекогаш се противела на правилната комбинација на бои. Па затоа и ќе изгледа смешно.

И за крај…Уште еден моден „успех“ на Кеша!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit