Правилно намалување на мастите во исхраната

22 октомври, 20110
hrana

Најчесто кoгa се обидуваме да го намалиме внесувањето на маснотии во организмот преку храната, од друга страна тоа намалување го надокнадувате со прекумерна конзумација на слатки и чоколадо. Многумина од нас го компензираат намалениот внес на маснотии преку зголемување на внесот на шеќери во организмот, иако тоа најчесто го правиме без да забележиме.

Врз овој феномен влијаат повеќе фактори. Прво, голем дел од производите со намалена содржина на маснотии кои се достапни на пазарот имаат високи нивоа на шеќери, сол, вештачки засладувачи и други адитиви кои се додавааат со цел да се подобри вкусот и текстурата на крајниот продукт и да се направи тој да биде исто толку вкусен колку што бил пред да се намали процентот на маснотии во него. Значи, за сметка на маснотиите, ние во нашето тело внесуваме повеќе други компоненти кои можеби се и поштетни од самите маснотии.

Иако шеќерите содржат помалку калории од маснотиите, тоа се т.н. празни калории, односно обезбедуваат само енергија и ништо повеќе. Зголемувањето на внесот на сол од друга страна долгорочно може да доведе кон зголемен крвниот притисок, а вештачките адитиви се поврзуваат со низа алергиски реакции, астма, дигестивни нарушувања и нарушувања во однесувањето.

Можеби најважно е да се напомне дека маснотиите во храната влијаат врз чувството на ситост. Со намалувањето на внесот на маснотии ќе чувствуваме повеќе глад, па со тоа ќе го зголемиме ризикот од прекумерно јадење и грицкање.

Заради експертите препорачуваат намалувањето на маснотиите во храната да биде умерено. Она што треба да ни стане навика е при купувањето на храна во супермаркетот да ги прочитаме нутрутивните вредности на производот кој го купуваме. Така ќе знаеме точно колку калории, маснотии и останати состојки внесуваме во нашето тело, па со тоа ќе се зголеми и нашата свест.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi