Променете ги вашите лоши навики во исхраната

3 јуни, 20110
2junk-food

Голем дел од популацијата се храни нездраво, но што да направите за тоа да се промени? Еве неколку совети:

Силна желба и промена во набавката

Променете ги навиките додека пазарите и останете доследни на одлуката дека здраво ќе се храните. Ова е најважната работа доколку сакате да направите трајни измени и во начинот на исхрана. Спроведете сопствено истражување на видовите на храна, на антиоксидансите, емулгаторите и останатите елементи кои се вклучени во секојдневната исхрана. Потрудете се повеќе да научите, така повеќе ќе ја цените здравата исхрана.

Немора да изедете со од чинијата

Одредете колку ви е доволно за еден оброк. Порциите во рестораните се често многу поголеми од потребното. Остатоците од оброкот многу често може да ви го спакуваат за да ги однесете дома или поделете ги со пријателите.

Избегнувате грицки

Често од навика грицкаме кога гледаме телевизија или кога работиме нешто на компјутер. Доколку не сте сигурни дека сте навистина гладни, подобро прошетајте малку или најдете си друга занимација, така ќе заборавите на храната.

Потреба

Кога сте премногу гладни нивото на шеќер ви опаѓа и поголеми се шансите да посегнете по нездрава храна. Јадете почесто. Кога одите негде носете си со себе ужинка. Тоа може да биде и само овошје или зеленчук.

Не одложувајте

Кога ќе ја прекршиме диетата, сигурно ќе ја прекинеме до наредниот понеделник. Тоа многу лоша идеја. Продолжете од таму каде што сте затанале. Немојте да чекате неколку дена.

Почестете се

Јадете понекогаш и нездрава храна. Нема да ви штети, а после извесно време ќе сфатите дека здравата исхрана сепак ги задоволува сите ваши потреби.

Не ги гледајте другите

Јадете само кога сте гладни. Немојте да нарачувате храна од ресторани само поради тоа што пријателите тоа го прават.

Секогаш варен зеленчук

Имајте секогаш варен зеленчук во фрижидерот. Ако сакате свежо уште подобро. Брзо ќе ја задоволите гладта со ниско-калорична храна.

Запишувајте

Обрнете внимание кога најчесто јадете. Водете дневник за исхрана, кога, што и колку храна сте внеле. Тоа ќе ви помогне да имате појасна слика од тоа како се храните и што е потребно за да тоа го исправите.

Потребно ви е време

Секоја недела променете по нешто од наведеното. Немојте да превзимате драстични мерки. Тоа може само да ве одбие од идејата да ги промените своите навики.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma