Психолошки трауми им се закануваат на претпазливите Јапонци

18 април, 20110
jap1
Воздржаното и претпазливо однесување на преживеаните од земјотресот и од цунами во Јапонија, предизвика пофалби во странство, но психолозите предупредуваат дека зад тој видлив мир може да се кријат повеќе трауми, пишува АФП, пренесува Нетпрес.
“Го изгубив татко ми, автомобилот, своето куче, едноставно се’ што заработив во животот. Но, сите се во иста или слична ситуација. Ако плачам, сите ќе плачат, затоа треба и морам да се воздржам“, раскажала 45-годишната Кеничи Ендо, сместена во Центарот за бегалци во Онагава, затворајќи ги насолзените очи и притискајќи тупаници.
Ужасна е трагедијата која на 11 март, годинава, ја погоди североисточна Јапонија. Разорниот земјотрес со јачина од 9 степени по Рихтер и цунами бранот кој потресот го предизвика, убија и направија да исчезнат речиси 28.000 луѓе. Пет недели по природната катастрофа, десетици илјади евакуирани продолжуваат да живеат во привремени центри за смествување, делејќи го ограничениот простор, со десетици, а некаде и со стотици други преживеани.
Во тоа непријатно сожителство емоциите се контролираат и се појавуваат само во неочекувани моменти: солзи по лицето им протекуваат за време на оброк, додека слушаат музика, или пак додека одмораат.
“Единственото, кое го посакувам е да имам сопствено катче“, вели Кен Хирааки. “Ноќе слушам луѓето како лелекаат, но понекогаш токму јас сум тој, кој го прави тоа“.
Несакањето на многумина да си ја споедлат тагата, ги загрижува лекарите, според кои тоа блокирање претставува ризик од предизвикување депресии.
“Ако тие не добијат потребна психолошка помош, може да заболат од пост-травматски стрес“, предупредува Рицуко Нишимае, психолог од “Лекари без граници“, кој се наоѓа во Минамисанрику, срцето на опустошената зона.
Долго време депресијата, која е многу игнорирана во Јапонија, е лекувана системски едвај по 2000-та година, и тоа само во големите градови, каде околу 900.000 пациенти се лекуваат секоја година од, како што срамежливо се нарекува, “душевна болест“.
Но, во опустошените земјоделски реони тоа сеуште е “табу тема“.
“Кога ќе речете ’психијатрија’, луѓето веднаш се загрижуваат. Наместо да се претставувам како психолог, велам дека сум доктор“, објаснува Наоки Хајаши, кој им помага на евакуираните.
Во центарот на Онагава многу малку од згрижените одлучиле да се сретнат со професионалци, кои сепак успеаа да прилагодат кабинет за консултации, кој личи на менза, за да им овозможат на пациентите да се чувствуваат спокојно.
“Јапонците не сакаат да збируваат за себе и за своите проблеми пред непознати. Тоа претпочитам да го споделам со своето семејство или пак евентуално со пријателите“, рекла 57-годишната Кејко Кацумата.
“Еден лекар нема да ми ги реши проблемите. Ја преживеав војната и што не видов“, тврди 77-годишната Тошико Савамура, која смета дека младите поколенија се “послаби“.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi