Револуција во медицината – рендгенот заминува во историјата?

4 февруари, 20110
xray
httpv://www.youtube.com/watch?v=EjZuSnsL5R4
Хирурзите во иднина наместо црно-белите рендгенски снимки, би можеле да имаат 3Д слики и тоа во боја. Специјална компјутерска програма, на компанијата “БодиВиз“, рендгенските зраци и ултразвукот ги прикажува во тродимензионален облик во боја. Она што е најинтересно, е тоа што хирурзите сега ќе можат операциите виртуелно да ги испробаат, но и навремено да откријат колку тие се ризични.
Лекарите ќе можат со џоистик да се дижат под вашата кожа, да минат крај вашите коски и низ вашите вени, крвни зрнца и органи, пишува британскиот “Дејли Меил“, пренесува Нетпрес.
Хирурзите ќе бидат во можност виртуелно да ја сечат човековата кожа, за да ја истражат анатомијата на пациентот, а исто така и да употребат виртуелни инструменти. За подобра прецизност, програмата на хирурзите им овозможува цели органи или делови од нив да ги стават во друга боја.
Скот Роденбург, од компанијата “БодиВиз“ објаснил дека софтверот им е достапен на докторите во Велика Британија и дека разговараат со бројни потенцијални клиенти. Цената на програмата изнесува 4.000 фунти, а работи на обичен компјутер. Докторот Брајан Батлер, хирург на одделот за радиациска онкологија во болницата во Хјустон, рекол дека оваа технологија на хирурзите им нуди подобар начин на визуелизација  на изведување на операциите.
“Тродимензионалните слики ни допуштаат да го погледнеме пациентот од внатре, а тоа е нешто што до сега без хирургија воопшто не беше возможно. Ако хирургот изведува, на пример, операција на црн дроб можеме да симулираме отстранување на еден дел, а со стискање на едно копче ќе откриеме колкав дел од органот ќе остане и ќе биде функционален. Ако е повеќе од 20 отсто, тогаш можеме да оперираме, ако е помалку, нема да се оперира. Ова ќе го подигне нивото на операциите на еден повисок степен“, рекол докторот Батлeр.
Оваа програма е корисна за идните хирурзи, студенти, кои на факултетите прв пат се сретнуваат со операции. Очекувањата се дека со помош на овој софтвер ќе се намалат ризиците од оперирања, со што се зголемува безбедноста кај пациентите.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi