Ригатони со грилувани пиперки и кромид

popara26 ноември, 20111min00
7

Потребни состојки,

½ пакетче широки макарони

2 средно големи главици црвен кромид (исечени на прстени)

2 големи црвени пиперки (исечени на кругови)

1 лажица маслиново масло

Сол и бибер по вкус

250 гр.сецкан спанаќ

200 гр. рендан пармезан

1 рака сецкан свеж босилок (или 1 супена лажица сушен)

Начин на подготовка,

Сварете ги макароните според  упатството. Откако  ќе се сварат исцедете ги и сочувајте 1 чаша од водата во која се вареле макароните. Во меѓувреме загрејте го маслото  на средна температура во грил тава и ставете ги кромидот и пиперките со малку сол и бибер да се пржат. Пржете го зеленчукот 8-10 минути  со повремено мешање. Кога ќе се испржи извадете го зеленчикот на даска за сецкање и исечете го на помали парчиња.

Во сварените макарони ставете го грилуваниот зеленчук, сецканиот свеж спанаќ, половина од босилокот,  половина од ренданиот пармезан и  сочуваната чаша вода од варените макарони. Сето заедно се промешува да се соединат состојките.

Останатиот дел од пармезан и босилок се користи за декорација на порциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag