Потребни состојки:
1 кг. мешано мелено месо
300 гр. кромид
1 чешне лук
1 лажица копар
1 лажица магдонос
1 лажица вегета
1 јајце
100 гр. кашкавал
Масло за јадење
Сол и црн пипер
Припрема:
Ситно исецкајте го кромидот и лукот и додајте ги во меленото месо. Додајте ги ситно сецканиот копар и магдонос и зачинете со сол и црн пипер. Додајте една лажичка масло за јадење и едно изматено јајце и вегета. Целата смеса добро измесете ја се додека не се хомогенизира.
Намачкајте фолија со масло за јадење, па месото распоредете го во форма на правоаголник и свиткајте го во ролат. Ролатот ставете го во тава за печење која претходно сте ја намачкале со масло за јадење. Печете половина час на температура од 250 степени, па превртете го ролатот. Печете уште 20 минути, па извадете ја тавата од рерна и врз ролатот додајте го ренданиот кашкавал.
Вратете ја тавата во рерна и оставете го ролатот да се допече. Откако ќе биде готов, изечете го на дијагонални парчиња кои ќе ги сервирате на голема чинија. Добар апетит!