Ролнички со јајца и марула

popara17 септември, 20111min00
recept

Потребни состојки:

  • 4 тврдо варени јајца
  • 2 лажици мајонез
  • 8 големи тортиља пити
  • 1 марула
  • 100 гр. кашкавал
  • Сол и црн пипер

Подготовка:

Исецкајте ги јајцата, па додадете го мајонезот и наросете сол и црн пипер. Мешајте ја смесата се додека не се соедини.

Врз секоја тортиља пита нанесете од смесата од јајца и мајонез. Потоа врз смесата ставете кашкавал, кој претходно сте го изрендале, па наредете ги листовите марула, кои претходно добро сте ги измиле.

Вака приготвените тортиља пити свиткајте ги во ролни, па обвиткајте ги со фолија и ставете ги во фрижидер за да се изладат и стегнат. Откако ќе се изладат, извадете ги од фрижидер, отстранете ја фолијата и секоја тортиља пита исечете ја на 3 парчиња. Вака исецканите ролнички со јајца и марула послужете ги наредени во чинија за сервирање заедно со неколку топки павлака.

Овој рецепт е одличен за појадок, ужинка или за закуска која може да ја послужите на забави.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma