Потребни состојки:
2 коцки квасец
2 лажички сол
2 лажички шеќер
400 гр. брашно
80 гр. путер
2 јајца
100 гр. коријандер
2 врзопи млад кромид
50 гр. сусам
Масло за јадење
Припрема:
Во сад ставете 150 мл. воа, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер и квасецот. Измешајте и оставете го квасецот да стаса.
Во посебен сад ставете го брашното, путерот, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер. Додадете 1 јајце и смесата со квасец и измесете го тестото. Откако ќе престане да се лепи, оставете го тестото да стаса околу половина час прекриено со крпа.
Ситно исецкајте го младиот кромид и коријандерот, па додадете го сусамот и 3 лажици масло за јадење и измешајте ја смесата.
Брашното поделете го на 12 дела. Од секој дел расукајте тенка кора која ќе ја свиткате во ролат. Врз ролатот нанесете од смесата од коријандер и млад кромид, па свиткајте го во полжавче.
Откако ќе ги направите сите ролнички, ставете ги во тава за печење врз која сте ставиле нелеплива хартија. Ролничките премачкајте ги со едно јајце, па печете ги на температура од 200 степени околу 20тина минути, се додека ролничките не добијат златно румена боја. Добар апетит!