Розев ролат

popara13 декември, 20111min00
rolat

Потребни состојки:

За пандишпан:

4 јајва

300 гр. шеќер

1 лажица масло

1 лажица екстракт од ванила

1 лажица оцет

2 лажици млеко

Неколку капки црвена прехрамбена боја

250 гр. брашно

1 прашок за печиво

½ лажичка сол

За фил:

4 јајца

1 ванилин шеќер

150 мл. хопла

150 гр. шеќер

За декорација:

Шлаг пена

Зашеќерени цреши

Припрема:

Изматете ги јајцата со миксер околу 5 минути, па потоа постепено додадете го шеќерот и брашното со постојано матење. Додадете го оцетот, млекото, екстрактот од ванила и прехрамбената боја. Во посебен сад измешајте го брашното, солта и прашокот за пециво, па смесата постепено додадете ја на другата смеса и матете се додека смесата не стане хомогена.

Тавата за печење намрсете ја и обложете ја со хартија за печење, па и хартијата намрсете ја со масло. Во тавата додадете ја смесата за пандишпан и рамномерно распоредете ја. Печете на температура од 180 степени 15тина минути.

Откако ќе се испече, извадете го пандишпанот, ставете го врз намокрена крпа, отстранете ја хартијата и  свиткајте ролат, па оставете да се излади.

Во меѓувреме изматете ги јајцата за филот со шеќерот, па додадете ја хоплата и ванилиниот шеќер. Матете се додека фило т не се соедини, па извадете го ролатот, одмотајте го и рамномерно размачкајте го филот. Потоа повторно свитхајте го ролатот, завиткајте го во проѕирен целофан или фолија и ставеге го во фрижидер да се излади минимум еден час.

Извадете го ролатот од фрижидер, исечете го на парчиња со дебелина од еден сантиметар и секое парче декорирајте го со шлаг пена и една зашеќерена цреша. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag