Потребни состојки:
200 гр. свежи шампињони
200 гр. тиквички
1 чешне лук
1 лимон
½ лажичка шеќер
1 лажичка сенф
1 голем домат
2 шери домати
6 зелени маслинки
Припрема:
Шампињоните испржете ги на растопен путер се додека е потемнат. Тиквичките измијте ги и исечете ги на тенки долгнавести кругови, па пропржете ги малку во путерот во кој се пржеа шампињоните.
Во посебен сад промешајте го сенфот, сокот од лимон, шеќерот и ситно сецканиот лук и промешајте.
Во чинија за салата ставете ги шампињоните, тиквичките, зелените маслинки, шери доматите кои сте ги исекле на половинки, доматот кој сте го исекле на парчиња и лимонот кој сте го исекле на парчиња. Посолете и наросете црн пипер, па промешајте. Салатата прелијте ја со претходно подготвениот сос. Добар апетит!