Салата со пилешко и овошје

popara14 септември, 20111min00
salata

Потребни состојки:

  • 500 гр. пилешки гради
  • 50 гр. сецкани ореви
  • 1/3 лажичка оцет
  • 50 гр. Шеќер
  • 4 лажици масло за готвење
  • ½ сецкан кромид
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажичка сол
  • Бел мелен бибер
  • 2 марули
  • 100 гр. сецкани јагоди

Подготовка:

Испечете го пилешкото месо или испржете го на скара. Откако ќе се излади, исецкајте го на коцки. Исецканите ореви спечете ги во тава  околу 8 минути на температура од 220 степени.

За поготовка на сосот, во блендер ставете го оцетот, шеќерот, маслото за јадење, кромидот, сенфот, солта и белиот бибер. Матете ја смесата се дури не се хомогенизира.

Измијте ги листовите од марула и ставете ги на чинија за сервирање салата. Врз листовите марула најпрвин ставете ги парчињата пилешко месо, па врз нив рамномерно посипете ги сецканите ореви и јагодите. Врз салатата нанесете го претходно подготвениот сос. Ушивајте во овој слатко-солен специјалитет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma