На Универзитетот Манчестер, се случи вистинкси хаос откако студентите на завршниот испит, случајно забележале дека на задната страна од тестот се наоѓаат точните одговори. Професорите од универзитетот останале со вцрвенети лица, извинувајќи се за грешката. Студентите со гнев излегоа од двочасовното тестирање. Сепак меѓу нив имало и студенти кои учеле и изгубиле време за овој испит. Сега ќе треба одново да полагаат, бидејќи испитот е прогласен за неважечки.