Шминка во стилот на Адриана Лима – Фото лекција

2 ноември, 20110
1

Шминката што денес ќе ви ја презентираме е инспирирана од шминката на Адриана Лима за нејзината фотосесија направена за Victoria’s Secret.

Најпрво нанесете бисерни сенки во бледокремава боја по целата  површина од горниот капак од окото.

Изцртајте го горниот капак од окото по целата негова должина со црно моливче или пак со туш.

Изцртајте го крајот на долниот капак со црн водоотпорен молив или пак со туш и притоа двата краја треба да се соединат.

На крајот од горниот капак нанесете сиви бисерни сенки со четка или апликатор за да се придаде издолжена форма на окото.

Нанесете црна маскара на горните и долни трепки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *