Шпагети со босилок, моцарела и домати

popara27 ноември, 20111min00
špageti

Потребни состојки,

1 пакетче шпагети

3 големи домати (сечени на дебели тркалца)

3 лажици маслиново масло, плус малку за подмачкување на тавчето за печење

Сол и бибер по желба

250 гр. Моцарела (рендана)

50 гр. рендан пармезан (плус малку повеќе за сервирање)

2 чешниња лук (сецкан)

½ лажиче  буковец

1 рака сецкан босилок

Начин на подготовка,

Сварете ги шпагетите според упатството, исцедете ги и вратете ги во тенџерето. Во меѓувреме наредете ги круговите од сечениот домат на хартија за печење во тавче намачкано со малку масло, зачинете по желба, врз секое тркалце ставете од ренданата моцарела и пармезан и ставете ги доматите во загреана рерна да се запечат (5-10 мин.)или додека сирењето не добие убава златна боја. Во едно мало тавче запржете го маслиново масло со сецканото лукче и буковецот 1-2 мин.  Оваа смеса ставете ја врз шпагетите , додадете го сецканиот босилок, сол и бибер по желба и сето заедно убаво измешајте.

Сервирајте заедно со печените домати и пармезан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag