Што крие сонот? 5 факти поврзани со сонот :)))

27 октомври, 20110
The girl sleeps on pink bed-clothes

Иако научниците сеуште не може да објаснат зошто на човечкото тело му е потребен сон, сепак познати се некои факти околу сонувањето:

Когнитивни соништа: Резултати од последните анкети покажуваат дека помеѓу 18% и 38% од луѓето имале барем еден когнитивен сон, а 70% имаат искусено дежа ву. Процентот на лицата кои веруваат во когнитивните соништа, односно предвидувачките соништа,  се движи од 63% до 98%. Когнитивните соништа всушност претставуваат сонување на настани, во целост или во делови, кои сеуште не се случиле. Тие се нарекуваат уште и пророчки, односно сонови на дивинација.

Парализа на телото: Некои луѓе кои имаат наследен ген на парализа во спиењето, понекогаш се будат и се свесни, но нивното тело останува парализирано неколку застрашувачки секунди или минути. Тие искусуваат целосна телесна парализа, намалено дишење и движења на очите; чувство на изгубеност или гушење,  чудни звуци како чекори и гласови, гледаат суштества или темни сенки, и имаат чувство дека има некој во собата.
Неколку научни студии заклучиле дека повеќето луѓе искусиле парализа во спиењето барем еднаш или двапати во нивните животи. Причини за оваа појава се спиење со  лицето нагоре,  нередовно спиење,  дремење, промени во животниот стил и прекумерно консумирање на алкохол.

И животните сонуваат: Студиите спроведени врз повеќе видови на животни покажуваат дека и тие сонуваат, бидејќи и кај нив се активираат истите мозочни бранови како кај луѓето. Сите ние сме биле сведоци на кучиња кои што ржат во сон или пак мрдаат со нозете како да бркаат некого.

Не секој сонува во боја:  Според истражувањата, 12% од луѓето сонуваат исклучиво во црно и бело, додека останатите луѓе сонуваат во боја. Студии спроведени од 1915 до 1950 година покажаа дека поголемиот дел од луѓето сонуваат во црно и бело, но овие резултати почна да се менуваат во 1960-тите. Денес само 4,4% од лицата под 25 годишна возраст сонуваат во црно и бело. Неодамнешните истражувања сугерираат дека ваквата промена е резултат на преминот од црно-белата телевизија во колор телевизијата.

И слепите сонуваат: Луѓето кои ослепеле во текот на животот гледаат слики во нивните соништа. Луѓето кои се родени слепи не гледаат слики, но имаат подеднакво живописни соништа преку нивните други сетила на звук, мирис, допир и емоции. Нивните соништа се полни со звуци, емоционална сензации и на сетилото за допир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi