Што мислите кој ќе ја земе наградата од 1 милион евра за апсењето на Хаџиќ? Горан Хаџиќ “самиот“!

23 јули, 20110
800_goran_hadzic_file_photo

Последниот хашки бегалец, наводно сам го испланирал своето апсење, за да може еден од неговите соработници да ја земе наградата од милион евра. Парите ќе се користат од стана на семејството во Нови Сад – сопруга, син, ќерка и мајка, но и љубовница и малолетно дете од Хрватска.

Последниот хашки бегалец Горан Хаџиќ, наводно сам го организирал своето апсење за да може да ја искористи паричната награда која државата ја распиша за него, јавуваат тамошните медиуми.

Износот од милион евра формално ќе го преземе еден од неговите соработници, но целокупната сума ќе ја користи тој и неговото семејство, како и другата жена со дете. Хаџиќ изјавил за време на сослушувањето дека имотнта состојба негова и на неговото семејство во моментот е полоша од кога и да е. Токму тука треба да се бара причината за неговиот потег.

Бруно Векариќ, заменик обвинител за воени злосторства, неможел да ја потврди оваа информација, исто како и претседателот на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ.

Шефот пак на кабинетот на BIА, Јован Стојиќ, на истото прашање одговорил: “Горан Хаџиќ не е уапсен на основа на дојава, туку со оперативна задача на службите“.

Српската Влада, која ја одобри наградата за информацијата за Хаџиќ, тврди дека прв пат слуша за ова. “Претпоставуваме дека со наградата нема ништо да се слчи, исто како и во случајот со Младиќ, кога никој не ги зема парите“.

Адвокатот на Хаџиќ, Радослав Милинковиќ, тврди дека парите никој не ги земал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit