Симболи и нивоа во масонството

7 јули, 20110
masons2

Симболи во масонството

Симболи кои се издвојуваат во иконографијата на масоните:

  • Шестар и агломер – симболи кои често се среќаваат и се користат заедно.

Шестар – претставува симбол на духот, неговата власт над материјата. Според “Речникот на симболите“, помеѓу агломерот и шестарот постои посредник. Истовремено, шестарот и агломерот во взаемна комбинација го претставуваат комплементарниот склад меѓу небесните и земјените обичаи и сили. Според симболизмот кругот, што се исцртува со шестарот, се поврзува со одредувањето на времето односно четириаголниот, што се исцртува со аглометарот, се поврзува со одредување на просторот.

Значајно е и тоа што во масонството, степенот на отвореност на шестарот го симболизира степенот на знаење и на запознавање. Така што, кога шестарот е отворен 45 степени одговара на една осмина и означува дека материјата не е во целост под власт на духот; кога е на 60 степени одговара на шестина, а кога е на 90 степени одговара на една четвртина и означува дека постои рамнотежа меѓу овие две сили, всушност во тој момент шестарот станува агломер (агол од 90 степени го отсликува агломерот).

Меѓусебната положба на шестарот и на агломерот ја симболизира положба во која се наоѓа слободниот ѕидар, односно колку неговиот дух владее над материјата. Доколку агломерот е положен на шестарот, тогаш материјата владее над духот; доколку шестарот и агломерот се вкрстени тогаш двете сили се во рамнотежа; доколку шестарот е положен над агломерот тоа е знак на духовна надмоќ; а во случај кога отворот на шестарот се поклопува со отворот на агломерот претставува совршена рамнотежа на материјалното и духовното ниво.

Агломер – со него може да се одредат повеќе димензии, претставува симбол на просторот. Но, во истовреме може да се користи за цртање на четириаголници и правоаголници, затоа претставува симбол и за исправност и за почитувањето на масонските закони и правила.

Во масонството кога агломерот е обесен на врвка, означува дека одлуката на Големиот мајстор мора да биде во склад со правилата и начелата.

Висок –  во масонството високот претставува “оридие“ кое секогаш се поврзува со нивоата; тоа е парче олово обесено на конец и ја покажува вертикалната положба и колку една површина е рамна или колку нечии активности се правилни.

Во масонските начела, со високот не се дозволува и се спречува скршнување од основите правила и начела, а ја симболизира длабочината на знаење и на исправноста. Преку него, слободните ѕидари ги спознаваат своите грешки и им се помага полесно да ги отстранат, а на тој начин да ги простат човековите недостатоци и да се издигнат над нив.

Триаголник – според слободните ѕидари, овој симбол е битен како “svetleća delta” (од големата буква од грчката азбука); основата на масонскиот триаголник, означува Трајноста и Издржливоста, а страните кои се поврзуваат на врвот ја означуваат Темнината и Светлината. Тоа се елементи кои го означуваат Космичкото тројство. Svetleća delta претставува еднокрак триаголник чија основа е подолга од краците. Покрај тоа, во триаголникот е совршено врежана ѕвезда петокрака.

Се разбира дека со триаголникот е поврзана и симболиката на бројот три, а бројот три и триаголникот се симбили на духот. Бројот “3“ во масонскиот свет има највисоко симболичко значење. Постојат три основни степени: ученички, занаетчиски и мајсторски. Секоја ложа има три големи светости – Библијата, моралните закони кои го поврзуваат сите луѓе, агломерот (го симболизира човековото знаење) и шестарот (ја претставува правичноста и точноста).

Овде е потребно да се споменат и т.н. “три мали светлости“ – Сонцето, Месечината и Старешината, кои пред сé симболизираат мудрост, моќ и убавина. Со три чекори се влегува во ложа, а тројца браќа раководат со работата на ложата.

Пентаграм – еден од најважните симболи и всушност го претставува масонството. Пентагонот симболизира Генијалност, (Гение), лице кое ја извишува душата до највисоката точка во универзумот. Не само што претставува најпочитуван симбол на следбениците на Pitagore, слободните ѕидари ја нарекуваат “огнена ѕвезда“. Го означува непресушениот извор на животот; на светиот оган што е основа на сите битија.

За пентаграмот е поврзан и бројот пет, кој претставува симбол во занаетчиското ниво каде работата на ова ниво е поврзано со пет чекори.

Истовремено, буквата “G” е многу значаен симбил во масонството, го означува петтиот консонант и симбол на петата наука – геометријата.

На крај, останува да посочиме и дека петокраката е составена од три триаголника и го претставува преминувањето од еден мајсторски степен во следен.

Соломонов печат – е ѕвезда со шест крака, составен од два рамнострани меѓусебно вкрстени триаголници. Solomon е тесно поврзан со слободните ѕидари односно со масонството, но сепак уште поголема значајност има овој симбол. Триаголник со врвот нагоре, во херметичката наука означува симбол на огнот, а тригаолник свртен надолу ја означува водата. Кога врвот на триаголникот на огнот е пресечен со основниот крак од триаголникот на водата, се означува воздух; кога врвот на триаголникот на водата е пресечен со основниот крак од триаголникот на огнот, се означува земја.

Според “Речникот на симболите“ сите обединети во еден шестоаголник претставува севкупност на елементите на универзумот.

Два столба – столбови носители на масонските храмови. Тоа се два столба, Jakin и Boaza (најчесто обележани со “J” и “B”), кои го заземаат најзначајното место во храмовите. “J” претставува машкост, активност, огненост, додека “B” претставува пасивност, женско и воздушен. Сонцето е соодветен на столбот “Ј“, додека пак Месечината соодвествува со столбот “В“.

 

Нивоа во масонството

Ученички степен – важно е лицето кое влегува во ложата, симболички доживува препородување; ставањето на бели ракавици има посебно значење исто како и облекувањето на бела скутина со кои се симболизира чистота. Симболи на овој степен се: необработен камен и чекич со кои кандидатот ја започнува неговата обработка.

Занаетчиски степен – важна е моралната исправност која слободниот ѕидар сака да ја постигне. Во оваа фаза симболи се: агломерот, духовното ниво и високот.

Мајсторски степен – слободен ѕидар издигнат на третиот степен има поминато на симболичен начин преку неговиот мртовечки ковчег, спознавајќи ја својата човечка и анимална природа. Скутината е обрабена со плава трака, а накитена е со три ружи кои ја означуваат човековата природа, анималното во него, преобразено и победено. Мајсторот е масон кој работејќи успеал да постави рамнотежа на својата природа.

Утре продолжуваме со познатите места каде масоните ги одржуваа своите состаноци во бивша Југославија.

Читајте www.popara.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi