Слатка зимница за дијабетичари

popara1 октомври, 20111min00
recept

Дијабетичарите не смеат да внесуваат шеќери, па често мора да се откажат од благите работи, особено од домашно подготвените слатка кои содржат многу шеќер. Затоа Ви претставуваме рецепти за мармалад и џем, кои се подготвуваат со вештачки засладувач и кои можат да ги конзумираат сите, бидејќи се безбедни и за дијабетичари. Овие рецепти им ги препорачуваме и на оние кои се на диета 🙂

Мармалад од праски:

Потребни состојки:

1,5 кг нектарин/вештачки засладувач

4 ќесички желатин

600 мл. сок од јаболка

2 лажички фруктоза

3 кг. Праски

Припрема: Праските измијте ги, излупете ги и испасирајте ги. Во изгмечените праски додајте го сокот од јаболка и фруктозата. Смесата ставете ја во тенџере на оган и гответе со постојано мешање. Откако течноста ќе испари, тргнете го тенџерето од оган. Желатинот разматете го во студена вода и оставете го да набабри. Потоа додадете го во мармаладот и добро промешајте. Мармаладот ставете го во тегли додека е сеуште топол.

Џем од кајсии:

Потребни состојки:

1 кг кајсии

1 диња

1 лимон

250 гр. вештачки засладувач

Припрема: Кајсиите измијте ги и излупете ги, а дињата измијте ја и отстранете и ги семките. И кајсиите и дињата исецкајте ги на ситни коцкички.

Изматете го овошјето со миксер и во смесата додадете сок од 1 лимон. Во смесата додајте 100 мл. вода и шеќер и во тенџере на сад варете го џемот се додека не испари течноста. Постојано мешајте, а кога џемот ќе се згусне, оставете го 4 минути да врие.

Како и мармаладот, и џемот ставете го во тегли додека е уште топол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag