Слатки лазањи со овошје

popara5 декември, 20111min00
slatki lazanji

Потребни состојки:

50 гр. суви кајсии

50 гр. суво грозје

2 пудинга од ванилаа

600 мл. млеко

Сок и кора о 1 портокал

2 лажици мед

1 јаболка

1 круша

1 банана

50 гр. бадеми

100 гр. шеќер во прав.

1 пакување кори за лазањи.

Припрема:

Излупете ги јаболкото и крушата, отстранете им ги семките и исецкајте ги на коцки. Исецкајте ја бананата а кругови, а сувите кајсии на коцки. Во сад промешајте го млекото и пудингот. Ставете го овошјето во посебен сад, па додадете го грозјето, кората од портокал, ситно сецканите бадеми, сокот од портокал и сосот од млеко и пудинг и мешајте се додека смесата не се соедини.

Намрстете една тава за печење со путер, па наредете еден ред кори за лазањи. Одозгора сипете половина од претходно подготвениот сос. Потоа наредете уште еден ред кори и прелијте ги лазањите со преостанатиот сос.

Печете во загреана рерна на 190 степени целзиусови околу 40 минути. Извадете ги лазањите од рерна, исечете ги на коцки и една коцка ставете на чинија за сервирање и посипете ја со шеќер во прав. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag