Стопени јадрата во сите три реактори во “Фукушима“

6 јуни, 20110
068808-fukushima-plan-japan-nuclear-crisis
Јапонските власти официјално потврдиле дека дошло до топење на јадрата во првите три реактори на нуклеарката “Фукушима“, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Агенцијата за нуклеарна енергија во својата анализа објавила дека се стопени јадрата во реакторите еден, два и три.
Енергетската компанија “ТЕПКО“ во чија сопственост е електраната, која беше тешко оштетена во разорниот земјотрес и цунами од 11 март, минатиот месец соопштила дека дошло топење на јадрото на првиот реактор.
Тогаш “ТЕПКО“ изнел податоци дека дошло до топење на јадрото и на останатите два реактори.
Сега за прв пат официјални власти во Јапонија јавно потврдиле дека биле стопени јадрата на сите реактори, како што се сомневале меѓународните експерти уште од првиот ден од инцидентот.
Топење на јадрата претставува хаварија во нуклеарниот реактор и спаѓа во групата на најсериозни видови на нуклеарни инциденти. Јадрото е посебен материјал во облик на лост кој при висока температура може да ја загуби цврстината и да почне да се топи.
Штом започне тој процес на топење, материјалот на јадрото паѓа на дното од реакторот, а тоа се случува заради неможност да излегува топлината која јадрото ја произведува.
Топењето на нуклеарните јадра се смета за сериозна хаварија бидејќи може да предизвика испуштање на радиоактивни материи во атмосферата и трајно загадување на големо подрачје. Доколку комората на нуклеарниот реактор не го издржи притисокот, ќе пукне и ќе го испушти надвор радиоактивниот материјал.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma