Супа од домати и црвени пиперки

popara11 септември, 20111min00
soup4

Потребни состојки:

  • 4 големи домати
  • 6 шери домати
  • 3 црвени пиперки
  • 10 чешниња лук
  • 2 главици кромид
  • 2 лажички зачин мајчина душичка
  • ½ чаша масло за готвење
  • Сол и црн пипер
  • 20 гр. путер
  • 2 пичешки коцки за супа
  • 250гр. павлака
  • 50 гр. пире од домати

Подготовка:

Исецкајте ги доматите и пиперките, па ставете ги во тава за печење заедно со кромидот, лукот и мајчината душичка. Смесата посолете ја и посипете ја со масло за готвење, па наросете црн пипер.

Тавата за печење покријте ја со фолија и ставете ја во загреана рерна. Печете на температура од 260 степени целзиусови, 20-30 минути. Потоа отстранете ја фолијата и печете уште 5 минути.

Во тенџере на оган ставете 1.5 литри вода и коцките за супа. Кога ќе се сварат додајте ја смесата од тавата за печење која претходно сте ја изматиле во блендер. Варете ја супата 20 минути, се додека не се згусне. Додајте ја павлаката и пирето од домати и варете уште 5 минути со постојано мешање. Оставете смесата да се малку да се излади, па послужете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag