Св. Леонтиј – село Водоча

22 декември, 20110
naslovna

Некогашната манастирска црква, која што денес е во урнатини, претставувала катедрален храм на Струмичката епископија. За прв пат се споменува во повелбите на Василиј Втори, во 1086 година. Овој храм имал најмалку три фази на градење. Од најстариот објект кој бил на источната страна, се зачувани фрески од XI век кои се меѓу најстарите сликани споменици од византиско време. При проширувањето на храмот, кога е изградена, во нејзиниот олтарен простор се зачувани фрагменти од ликови на архиереи.

Околу втората половина на XIV век, кон запад на црквата, бил дограден нартекс чии фрески се најслабо сочувани. Извесен број од фрагментите на фрески од сите три периода, во текот на повоените конзерваторски работи, презентирани се во Народниот Музеј во Штип.Особени белези на сликарството во оваа црква ги карактеризираат издолженоста на телата, и цврстата моделација на главите на Светителите. Фрагментираните сцени се со претстава од животот и детството на Пресвета Богородица, циклусот на црковни празници и претставата на фигурите на Светителите во цел раст на Св. Исавриос и Св. Евплос . Во меѓувреме изготвен е и реализиран проект за реконструкција на манастирската црква, по примерот на византиските храмови од X и XI век.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma