Лари Пејџ, Сергеј Брин и Ерик Шмит, односно двата основачи и извршниот претседател на Google заедно имаат 8 авиони.
Како што пишува Mercury News, тиа сакаат да платат 33 милиони долари за да се заврши обновата на центарот Moffet Federal Field, заедничкиот цивилно-фоен аеродром, сместен помеѓу Mountain View и Sunny Valley.
Во замена сакаат да користат две третини од површината на тој простор за да ги паркираат своите осум авиони.
Овој предлог нема ништо службено со Google, компанијата која се грижи за авионите на Google се вика H211.
Официјалните лица на Moffet Field се скептични. „Не сакаме на тој хангар да биде испишано ‘Google’ со букви од 60 метри”, изјавил Стив Вилијамс од одборот Save Hangar One.
Кен Амброуз, директорот на H211, изјавил дека тоа не го сака ни топ менаџментот на Google.
Сепак, 2,6 авиони по личност? Или како што искоментира Џон Орлин од TechCrunch:
„Од една рака, лидерите на Google може да си ги трошат парите на начини на кои тие сакаат. Нивното време е вредно, а користењето на авиони ги прави ефикасни. Од друга рака, користењето на приватни авиони не е баш еколошки прифатливо за лидерите на компанијата која е горда на тоа што е зелена”.