Торта со пуслици и банани

popara18 ноември, 20111min00
torta so puslici

Потребни состојки:

За пандишпан:
6 белки
300 гр. шеќер
½ лажичка оцет

За пуслици:
6 белки
300 гр. шеќер
250 гр. мелени ореви

За прв фил:
12 жолчки
200 гр. шеќер
2 лажици брашно
1 маргарин

За втор фил:
1 литар млеко
4 пудинга од ванила
1 маргарин
12 лажици шеќер
3 банани
шлаг
500 гр. мелени бисквити

Припрема:

Изматете ги белките, шеќерот и оцетот и печете го пандишпанот 1 час на температура од 150 степени целзиусови.

За пуслиците изматете ги белките со шеќерот. Со лажица вадете од смесата и прекријте ја пуслицата со ореви. Наредете ги пулиците во тава за печење и печете 50тина минути на температура од 150 степени целзиусови.

За првиот фил изматете ги жолчките, па додајте го шеќерот, па брашното и повторно изматете, Гответе на пареа, па откако смесата ќе се згусне, оставете ја да се излади. Во изладената смеса додајте го изматениот маргарин.

За вториот фил изматете го пудингот со шеќерот, а млекото загрејте го на силен оган. Потоа намалете на тивок оган, додајте ја смесата со пудинг и мешајте се додеа не се згусне. Откако ќе зе излади и во овој фил додајте го изматениот маргарин.

Откако ќе се испече пандишпанот оставете го да се излади, па намачкајте го со половина од првиот фил. Додајте мелени бисквити, па намачкајте со половина од вториот фил. Додајте сецкани банана, па намачкајте го остатокот од првиот ил. Додајте ги пуслиците, па намачкајте го остатокот од вториот фил. Тортата ставете ја на чинија за сервирање, премачкајте ја со шлаг и украсете ја по желба. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag